СЕДМИ СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Почина пациент од Гази Баба
Министерот за здравство, Сашо Клековски рече дека последните неколку нови случаи се од Скопје Север.
Почина уште еден пациент од западнонилска треска, информираше министерот за здравство, Сашо Клековски.
Бројот на починати од вирусот со последниот смртен случај се искачи на седум.
Министерот Клековски рече дека починатиот е пациент на возраст од 69 години од општина Гази Баба и бил хоспитализиран 38 дена.
Вкупниот број на хоспитализирани е 19, а има и еден нов сомнителен случај од Радишани.
Клековски рече дека последните неколку нови случаи се од Скопје Север.
Дпдаде и дека според најголемата студија во САД, спроведена на над 3.000 случаи, стапката на заболување со невроинвазивната форма на западнонилската треска и смртноста е поголема кај мажите.