ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА КОНЦЕРТОТ НА ДЕЈВИД ГЕТА ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНАТ СО НАРАКВИЦИ! Важно известување за сите кои ќе одат на концертот

При замената, задолжително понесете ја влезницата што сте ја купиле, во физичка или во електронска форма, како и лична карта или документ за идентификација на лицето кое ќе ја носи нараквицата.

0

Секој што има купено влезница за концертот на Дејвид Гета The Monolith Show на 8 септември, по повод 35 години независност, треба да ја замени за соодветна нараквица, соопшти денеска Авалон продукција. Промената се прави во координација со Министерството за внатрешни работи со цел побезбеден и поефикасен протокол за влез на концертот.

Замената на влезниците за нараквици ќе се одвива во Градски парк – Вембли во Скопје, во специјално поставени куќарки, според следниот распоред:






4 септември: 16:00 – 20:00 часот

5 септември: 12:00 – 20:00 часот

6 септември: 12:00 – 20:00 часот

7 септември: 12:00 – 20:00 часот

При замената, задолжително понесете ја влезницата што сте ја купиле, во физичка или во електронска форма, како и лична карта или документ за идентификација на лицето кое ќе ја носи нараквицата.

Нараквицата ќе биде ставена директно на раката на лицето кое ќе го посетува концертот, при самата замена на влезницата. Нараквицата не може да биде преземена од едно лице, а потоа дадена на друго лице.

Откако ќе биде ставена, нараквицата мора да се чува до денот на концертот и не смее да се отстранува, оштетува или модифицира.

Во случај на оштетување или отстранување на нараквицата, нема да биде возможно добивање нова нараквица и нема да биде дозволен влез на концертот.

Единствениот начин за влез на концертот на 8 септември е да имате исправна нараквица на раката. Влезницата повеќе нема да биде доволна за влез на самиот концерт.

По извршената замена, баркодот на оригиналната влезница автоматски ќе биде блокиран и истиот повеќе нема да може да се користи за влез на концертот или за повторна замена на нараквица.

Авалон ги советува сите посетители да бидат особено внимателни при купување влезници од трети лица и неофицијални извори. Авалон не презема одговорност и се оградува од сите потенцијални проблеми, злоупотреби или последици што може да произлезат од купување или препродажба на влезници преку неофицијални канали.

Доколку имате влезница за нумерирана трибина, задолжително зачувајте ја влезницата и по замената за нараквица. Местата на трибините се нумерирани, па влезницата ќе ви биде потребна за да можете без проблем да го пронајдете и користите вашето резервирано место за време на концертот.

За сите прашања поврзани со концертот, како и со останатите настани во рамки на проектот „35 години независност“, можете да се обратите на [email protected] или да се информирате на www.35nezavisnost.mk.

Поврзани содржини