🎥 САНКЦИИТЕ НА ТРАМП КОН ИРАН ЌЕ ЈА ПОГОДАТ КИНА Пекинг порача дека ќе ги штити своите интереси, подготвува одговор

Кина е најголемиот купувач на иранска нафта, иако обемот на трговијата се намали поради американската блокада на иранските пристаништа. Истовремено, Кина преработува голем дел од ретките метали во светот и други клучни минерали кои се неопходни за производство на бројни високотехнолошки производи.

76

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џиан изјави дека Кина остро се спротивставува на она што го нарече нелегални еднострани санкции. Тој порача дека Пекинг ќе преземе сите потребни мерки за да ги заштити своите права.

Оваа реакција дојде откако американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера објави нови мерки и предупреди дека секоја земја што финансиски соработува со Иран ќе биде изолирана.






Кина е најголемиот купувач на иранска нафта, иако обемот на трговијата се намали поради американската блокада на иранските пристаништа.

– Соработката меѓу Кина и Иран отсекогаш се спроведувала во рамките на меѓународното право и не смее да се попречува или прекинува – рече Лин.

Бесент ги опиша новите мерки како „најголемата поединечна финансиска офанзива досега“ против Иран. Тој ги предупреди банките и компаниите дека ќе ја делат судбината на изолацијата на Иран ако одбијат да ги прекинат врските со таа земја.

Тој не сакаше да се фокусира на конкретни земји, но најави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе им се јави на светските лидери „со конкретни барања да престанат да комуницираат со тој режим“. Меѓутоа, кога беше директно прашан за кинеските банки, Бесент беше јасен и кажа дека „никој не е надвор од опсегот на американските санкции“.

Најавата за нови санкции доаѓа пред планираните разговори меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг следниот месец. Вашингтон веројатно ќе продолжи со претпазливост поради можна одмазда од Пекинг.

Кина, имено, преработува голем дел од ретките метали во светот и други клучни минерали кои се неопходни за производство на бројни високотехнолошки производи. Како дел од претходните трговски преговори со САД, Пекинг веќе ги заостри контролите врз извозот на ретки метали.

И иранскиот министер за економија Али Маданизадех реагираше на најавата. Тој изјави дека Техеран е целосно подготвен за пошироки санкции и оцени дека тие ќе доведат до уште еден пораз за САД.

– Владата е подготвена и има двегодишен план за управување со овие настани“, изјави тој за државната телевизија. Тој додаде дека Техеран „долго време чекал на овие планови“.

И ние имаме наши алатки и знаеме како да ја играме оваа игра – порача Маданизадех.

 

Поврзани содржини