ТЕПАЧКА ВО ДОЛНА МАТКА ПО РАСПРАВИЈА ЗА ЧАМЕЦ Три лица нападнале семејство

47-годишна жена од гостиварско пријавила дека таа, нејзиниот сопруг и ќерката биле нападнати по претходна расправија со вработен во комплексот.

573

Семејство од гостиварско пријавило дека било физички нападнато во Долна Матка по расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец.

Случајот во полиција го пријавила 47-годишната В.С. од селото Неготино, гостиварско, која според пријавата, заедно со сопругот и нивната ќерка била нападната од три лица.






Инцидентот се случил на 23 август околу 10:30 часот во Долна Матка. Според пријавеното, претходно дошло до расправија со вработен во комплексот во врска со прошетка со чамец.

По расправијата, според пријавата, В.С., нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Поврзани содржини