ЛИНА ЃОРЧЕСКА ТРГНУВА ПО ГЛАВНАТА ЖДРЕПКА НА УС ОПЕН Прва пречка е 171 тенисерка во светот

Лина Ѓорческа денеска го започнува квалификацискиот настап на УС Опен против Маи Хонтама од Јапонија, 171 тенисерка на ВТА-листата.

34

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го започнува настапот на годинашниот УС Опен, а прва противничка во квалификациите ќе ѝ биде Јапонката Маи Хонтама.

Хонтама има 26 години и моментално се наоѓа на 171 место на ВТА-листата. Највисок пласман во кариерата ѝ е 105. место, до кое стигнала на 5 август 2024 година.






Мечот меѓу Ѓорческа и Хонтама е втор на програмата на теренот број 16. Првиот натпревар е закажан за 17 часот, па македонската тенисерка на терен би требало да излезе по неговото завршување.

За Ѓорческа ова е првиот чекор кон пласман во главната ждрепка на еден од четирите гренд слем-турнири. Македонската тенисерка ќе се обиде со победа да го започне квалификацискиот настап и да продолжи кон следната рунда.

Поврзани содржини