ЈА ПРИНУДУВАЛ СОПРУГАТА НА СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ Насилен гостиварец ги истепал и децата

Против 45-годишен гостиварец е поднесена кривична пријава за обид за силување и телесна повреда.

259

Четириесет и петгодишен жител на Гостивар е пријавен за обид за силување на неговата 35-годишна сопруга и за физички напад врз нивните две малолетни деца.

Според пријавеното, инцидентот се случил на 15 август во семејниот дом. Мажот, како што се наведува во полициската пријава, се обидел да ја принуди сопругата на сексуални односи, а потоа физички ги нападнал и двете деца.

За случајот Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против И.Т. за две кривични дела – „силување во обид“ и „телесна повреда“.

Понатамошната постапка треба да ги утврди сите околности на семејното насилство и одговорноста на пријавениот.

Поврзани содржини