ЌЕРКАТА НА ЛУКА МОДРИЌ, ЕМА, ПРЕМИНА ОД МИЛАН ВО РЕАЛ МАДРИД Каков татко, таква ќерка

Младата 13-годишна фудбалерка се приклучи на кадетскиот тим на Реал, со кој веќе ги започна подготовките за новата сезона.

69

 

Ема Модриќ, 13-годишната ќерка на хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ, е нов играч на Реал Мадрид.






Како што пишува шпанскиот „Мундо Депортиво“, младата фудбалерка се приклучи на кадетскиот тим на Реал, со кој веќе ги започна подготовките за новата сезона.

Ема пристигна во Мадрид од Милан, чии помлади категории ги претставуваше, откако нејзиното семејство се пресели во Италија минатата година, поради заминувањето на Лука од Реал во Милано. Пред тоа, таа веќе играше во Шпанија, за помладите категории на Мадрид ЦФФ.

Во дресот на Милан оваа сезона таа го привлече вниманието на шпанските медиуми. Во април, таа го освои Купот Гарино во Торино со тимот на Милан до 13 години. Милан ги нокаутира Сасуоло и Интер на патот до трофејот, а во финалето го победи Јувентус. Ема постигна и гол во четвртфиналето против Сасуоло.

Уште во септември 2024 година, „Релево“ пишуваше за неа како играч што Реал Мадрид треба да го следи. Во тоа време, таа играше за Мадридскиот фудбалски клуб, а трансферот во Реал не беше можен бидејќи мадридскиот клуб немаше женски тим на нејзини години.

Сега таа се приклучи на кадетскиот состав на Реал, кој оваа сезона ќе го тренира Хектор Буено. Реал официјално објави дека тимот ќе игра во Primera División Autonómica Cadete Comunidad de Madrid, а првенството започнува последниот викенд во септември.

Така, само една година по заминувањето на Лука, презимето Модриќ повторно ќе се појави во Реал Мадрид. Лука играше за мадридскиот клуб 13 години и си замина како еден од најтрофејните играчи во неговата историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madrid Xtra (@madridxtra_)

Поврзани содржини