ПРВА ПОТВРДЕНА МРТВА ПТИЦА СО ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО СКОПЈЕ Вкупно 43 лица се заболени од вирусот

Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и контрола на птиците и имаме прва лоцирана мртва птица со западнонилска треска, станува збор за гавран во Скопје, рече министерот за здравство на прес-конфренција.

64

Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир.

Бројот на заболени е 43.






– Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и контрола на птиците и имаме прва лоцирана мртва птица со западнонилска треска, станува збор за гавран во Скопје – рече Клековски.

Тој се заблагодари на граѓаните бидејќи имало голем број на дојави за мртви птици.

– Мртвите птици се собираат од АХВ и тоа помага да се прави натамошното лоцирање на ризикот од западнонилска треска – рече Клековски.

Министерот за здравство посочи дека има два критериума за ризичност – застоеност на водата и високо ниво на органска материја. Високо ризични, според него, се каналите за наводнување во Скопско Поле.

– Значи, река која е проточна, која има риби во нејзе, самата по себе не е ризик. Бидејќи чим е водата проточна, ризикот од ларви е помал, а ако има жив свет, риби, нема многу органска материја и распадни материи, а и рибите се хранат со ларви. Водата треба да е застоена и да има отпад во таа вода. Примерите на високоризични води се генерално каналите за наводнување во Скопско Поле. Серава е дел од проблемот во Арачиново и Бутел, каналите во Илинден, Стајковци и Сингелиќ во Гази Баба, главниот канал во Илинден на Скопско Поле, каналите во Драчево, Батинци и Студеничани, истакна Клекоски.

Како визок ризик, подвлече тој, се и септичките јами.

– Улиците и населените места со голем број септички јами влегуваат во висок ризик. Гробишта, заради застоената вода во вазните и присуството на органски материјали во нив. И третата група се отпади за стари гуми или генерално старите гуми. Старите гуми и отпадите за стари гуми, ако не се соодветно чувани, се идеални престојувалишта за комарците, додаде министерот.

Тоа, според него, е видливо и е помалиот дел, но, поголем дел се малите работи како расипани хидранти, скршени јавни чешми, саксии со цвеќе што се чуваат надвор, стари буриња со дождовница…

Правилното наводнување, односно прскање на парковите, министерот Клековски, истакна дека не е ризик, но ако се остави цревото и се поплави подрачјето, може да биде ризик.

Поврзани содржини