ТУРНАЛ СКАЛА НА КОЈА СТОЕЛ ВРАБОТЕН ВО ЕВН Скопјанец приведен зашто нападнал двајца вработени во ЕВН Македонија

0

Скопјанец турнал скала на која стоел вработен во ЕВН Македонија и со тврд предмет нападнал друг вработен, соопшти поливијата.

Во полиција било пријавено дека скопјанецот турнал скала на која бил еден вработен на ЕВН Македонија, а потоа физички и со тврд предмет нападнал друг вработен во ЕВН додека извршувале службени дејствија.






Полицијата на 17.08.2026 околу 10:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари го лишила од слобода Д.Г.(47) од Скопје.

По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Поврзани содржини