📽️ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ШПАНИЈА, ИМА ПОВРЕДЕНИ По главниот удар следувале 4 потреси

Земјотресот со јачина од 4,8 степени бил почувствуван во голем дел од Андалузија. Властите предупредија на можни нови потреси, а три лица се полесно повредени.

21

Силен и плиток земјотрес ја погоди шпанската провинција Гранада, по што следуваa серија нови потреси. Три лица се полесно повредени, меѓу нив и малолетно лице кое било пренесено во болница. Ударот доаѓа само два дена по претходниот удар во саботата од 5,2 степени кој остави изронети фасади и заглавени автомобили.

Првичната проценка за новиот удар е 4,7 степени, но шпанскиот Национален географски институт подоцна ја ревидираше магнитудата на 4,8. Епицентарот е во непосредна близина на Гранада, кај општината Гохар.






Само во следните дваесетина минути биле регистрирани уште 4 потреси. Подоцна следувале и 2 посилни со магнитуда од 4,2 и 4 степени.

Од 14 август во провинцијата Гранада биле регистрирани речиси 150 земјотреси. Властите предупредиле дека потресите може да продолжат.

Земјотресот бил почувствуван и во Малага, Кордоба, Хаен и во Алмерија. Послабо тресење било почувствувано дури и во Мадрид и во други подалечни области.

Потресот предизвикал и серија превентивни затворања.

 

Метрото во Гранада ја намалило брзината на движење на 30 километри на час. Затворени биле и административни објекти, музеи и спортски објекти.

Полицијата побарала граѓаните да останат смирени и да не стојат непосредно до згради. Причината е опасноста од паѓање делови од фасади и други оштетени елементи.

🎥 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ ГРАНАДА Оштетени згради и автомобили, стотици повици до итната помош

Поврзани содржини