РУСКА РАКЕТА РАЗНЕСЕ РАСКРСНИЦА, МАСАКР ВО БЛИЗИНА НА ХАРКОВ! Уништени се кафуле, пошта, продавници во близина, се бројат мртви и повредени

Во нападот врз Печениги во Харковската област се оштетени куќи, пошта, продавница, кафе-бар и автомобили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Киев ќе одговори.

0

Десет лица загинаа, а најмалку 17 се повредени во руски ракетен напад врз населбата Печениги во Харковската област, соопштија украинските власти. Нападот бил извршен утрово, а погодена била прометна раскрсница во близина на која се наоѓале пошта, продавници и угостителски објект.

Според гувернерот на Харковската област, Олег Синегубов, во нападот биле оштетени најмалку десет приватни куќи, кафе-бар, пошта, продавница и најмалку седум автомобили. На местото веднаш пристигнале спасувачките и итните служби.






Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографии од последиците од нападот и го осуди како брутален удар врз цивилна локација.

 

– Русите утрово извршија брутален напад врз прометна раскрсница во Печениги, во Харковската област – место со пошта и продавници, опкружено само со станбени објекти – напиша Зеленски.

Тој соопшти дека пожарот предизвикан од нападот бил изгаснат, а службите за итни случаи продолжиле со работа на терен.

Зеленски порача дека Украина ќе одговори на нападот.

– Секако дека ќе одговориме на овој руски напад – порача украинскиот претседател, повикувајќи ги и сојузниците да продолжат со притисокот врз Русија.

 

Според украинските власти, во нападот најверојатно биле употребени две крстосувачки ракети од типот „Бандерол“.

Нападот врз Печениги се случи во време на нова ескалација на воздушните напади меѓу Русија и Украина. Украина во исто време изведе голем напад со беспилотни летала врз Москва и други делови од Русија.

 

Според „Associated Press“, станува збор за еден од најголемите украински напади со дронови врз Русија во текот на војната.

Руските власти не дадоа непосреден коментар за нападот врз Печениги.

Поврзани содржини