ПОВЕЌЕ ОД 1.200 ОНКОЛОШКИ ПАЦИЕНТИ ДОБИЈА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД ГРАД СКОПЈЕ Повикот е отворен за нови апликанти

Градоначалникот вели дека секоја апликација е обработена со максимална посветеност и внимание, а исплатата за сите кои ги исполнија условите е завршена денеска или во текот на наредниот ден.

23

Повеќе од 1.200 онколошки пациенти кои аплицираа на повикот на Град Скопје за финансиска помош се исплатени, информира во пост на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Повикот сè уште е отворен и сите заинтересирани можат да аплицираат.






„Со чувство на огромна одговорност и искрена грижа, обезбедивме финансиска поддршка за нашите сограѓани кои ја водат една од најтешките животни битки. Секоја апликација беше обработена со максимална посветеност и внимание, а исплатата за сите кои ги исполнија условите е завршена денеска или во текот на наредниот ден“, напиша Ѓорѓиевски во објавата.

Според него, човечка и институционална обврска е да се биде покрај сограѓаните не само со зборови, туку со конкретни дела, грижа и поддршка.

„Во најтешките мигови, најважно е човек да знае дека не е сам“, смета градоначалникот на Скопје.

Еднократната финансиска помош изнесува 6.000 денари и е во ист износ за сите баратели кои ги исполнуваат условите.

Јавниот повик за доделување еднократна финансиска помош за онколошки пациенти беше објавен на 25 март на официјалната веб страна на Град Скопје.

За аплицирање е потребно да се достави пополнето барање, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и медицински извештај, не постар од шест месеци, со кој се потврдува дека барателот е онколошки пациент.

Поврзани содржини