СТИГНАЛ ОДГОВОР ОД КИМ ПО ПОТЕГОТ НА ТРАМП „Па, ми одговори што ги прекинав воените вежби“

Шефот на САД тврди дека Ким Јонг Ун му одговорил на обидите за обновување на дијалогот. Сепак, тој не кажа како реагирал севернокорејскиот лидер, ниту што содржел неговиот одговор.

183

Само еден ден откако му наложи на Пентагон „значително да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја“ и ја нарече Северна Кореја „незаканувачка и полна со почит“, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун реагирал на неговите пријателски гестови.

На прашањето од новинарите во Овалната соба зошто Ким се уште не одговорил на неговите напори за обновување на дијалогот, Трамп кратко рече: „Па, одговори“, без да даде дополнителни детали.






Трамп во неделата му наложи на Пентагон „значително да ги намали заедничките воени вежби“ со Сеул, образложувајќи го тоа со одбивањето на Јужна Кореја да учествува во американските дејствија против Иран.

Северна Кореја ги осудува заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, оценувајќи ги како подготовка за војна.

Јужнокорејскиот претседател, Ли Џе-мјун, денеска изјави дека заедничките воени вежби со САД се исклучиво одбранбени и дека силниот сојуз меѓу двете земји и независната национална одбрана се меѓусебно дополнувачки.

Поврзани содржини