ПОЧЕСНА АРТИЛЕРИСКА СТРЕЛБА ЗА ДЕНОТ НА АРМИЈАТА Пробно испукување во 18 часот, а главното ќе биде во 19 часот
Претходно, истиот ден, во 18 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата ќе се одржи утре (17 август 2026 година), понеделник, со почеток во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје.
Единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата.
Претходно, истиот ден, во 18 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.
На 18 август 2026 година (вторник) во Кампот за обука на вода во Охрид, со почеток во 11 часот, во присуство на највисокиот воен и државен врв ќе се одржи централната свеченост по повод Денот на Армијата.
Според протоколот, на свеченоста со пригоден говор ќе се обратат претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На свеченоста се поканети и се очекува да присуствуваат претседателот на Владата, Христијан Мицковски, претседателот на Собранието, Африм Гаши, министри во Владата, пратеници во Собранието, генерали во Армијата, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот на Армијата, пензионирани генерали, претставници од локалната самоуправа, претставници на организации со кои соработува Армијата и други гости.