ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ОСТАНУВА 4,25% Народна банка e претпазлива во однос на ризиците

Извршниот одбор оцени дека е потребно повеќе време за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, а особено имајќи ја предвид високата неизвесност во надворешното окружување, повторната ескалација на тензиите на Блискиот Исток и можните преносни ефекти врз девизниот пазар и домашните цени.

18

Извршниот одбор на Народна банка на денешната седница одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25%.

– Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Движењата на девизниот пазар од почетокот на мај се стабилни, но и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат на повисоките цени на енергенсите. Нивото на девизните резерви и натаму е во сигурната зона и на ниво коешто е соодветно на потребите за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот. Годишната стапка на инфлација забавува и во јуни, делумно под влијание на споредбената основа од минатата година – велат од Народна банка (НБ).






Извршниот одбор оцени дека е потребно повеќе време за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, а особено имајќи ја предвид високата неизвесност во надворешното окружување, повторната ескалација на тензиите на Блискиот Исток и можните преносни ефекти врз девизниот пазар и домашните цени.

– Задржувањето на основната каматна стапка, заедно со мерките преземени досега кај задолжителната резерва и макропрудентната политика ќе придонесат за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, за постепено враќање на инфлацијата на историскиот просек и за натамошно зацврстување на инфлациските очекувања, а соодветно ќе влијаат и врз кредитните услови во економијата – велат од НБ

На последниот состанок, Европската централна банка исто така ги задржа истите каматни стапки, оценувајќи дека неизвесноста и натаму е висока, а ефектот од енергетскиот шок врз инфлацијата во еврозоната сѐ уште не се чувствува целосно. 

Поврзани содржини