МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА ПО ЗГОЛЕМЕН ПРОЦЕНТ НА ДОАЃАЊА НА ТУРИСТИ Мицкоски оцени дека Светска банка ја потврди политиката на владата во туризмот

Премиерот очекува тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.

52

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека туристичкиот сектор остварува добри резултати, што е резултат и на владината политика на привлекување туристи од странство.

– Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носи резултати. Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch” во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во него ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преноќувања, нешто што за нас е навистина импресивно. Тој процент е 40%, споредено со претходната година- рече Мицкоски.






Тоа, додаде, тој, ќе се одрази и на вкупниот раст на домашниот бруто производ.

– И тоа е за нас големо признание, посебно што тоа учествува во Бруто домашниот производ и јас очекувам веќе тоа да се забележи во Бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година – рече Мицкоски.

Поврзани содржини