📽️ ИРАНЦИТЕ ОБЈАВИЈА ВИДЕО КАКО ДА СЕ УБИЕ МЕЛАНИЈА На листата за ликвидација е и синот Барон Трамп
Иранска новинска агенција објави видео кое предизвика остри реакции во јавноста, бидејќи содржи наводни сценарија за напад врз првата дама на САД и порака упатена до нејзиниот син Барон Трамп.
Видео објавено во Иран, кое во меѓувреме масовно се споделува на социјалните мрежи, предизвика остри реакции поради содржината во која се прикажуваат хипотетички сценарија за можен напад врз првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп.
Снимката, која според достапните информации е поврзана со иранската новинска агенција „Тасним“, содржи наводни анализи за движењето на Меланија Трамп, можни начини на напад, но и директна порака упатена до нејзиниот син Барон Трамп.
Видеото е објавено под наслов „Како да се убие Меланија Трамп“, а во него, според наводите, се прикажуваат таканаречени „слабости“ на првата дама, со споменување можни сценарија за терористички напад или атентат.
Во материјалот се користат информации кои се јавно достапни, меѓу кои кодните имиња на Доналд и Меланија Трамп, снимки од нејзиното обезбедување, како и делови од Њујорк каде што наводно често престојува и купува.
Во видеото се споменуваат и модни брендови кои Меланија Трамп наводно ги посетува, при што се тврди дека нејзините јавни активности би можеле да бидат искористени како потенцијални цели.
На крајот од снимката е упатена порака до нејзиниот син:
„Ова е само почеток. Барон Трамп, чекај нè“, се наведува во пораката.
Меланија и Барон Трамп се под постојана заштита на американската Тајна служба, а засилени безбедносни мерки постојат и околу клучните имоти на семејството Трамп, вклучително и Белата куќа, „Трамп тауер“ во Њујорк, голф-клубот во Бедминстер и имотот „Мар-а-Лаго“ на Флорида.
Според американските медиуми, ниту Белата куќа ниту Тајната служба веднаш не дадоа коментар за спорното видео.
Заканите кон семејството на американскиот претседател, според извештаите, се засилиле по почетокот на конфликтот со Иран.
Минатата недела во повеќе делови на Техеран биле поставени билборди со пораки против Доналд Трамп и членовите на неговото семејство, меѓу кои Меланија, Доналд Трамп Помладиот, Иванка, Ерик, Тифани и Барон. Главниот слоган на билбордите гласел: „Крв за крв“.
Меланија Трамп во последниот период значително ги намали јавните настапи. Таа неодамна не присуствуваше на вечерата на Здружението на дописници на Белата куќа, а како причина беше наведено дека станувало збор за „судир во распоредот“.
Во меѓувреме, Иран објави и ново пропагандно видео во кое се прикажува фиктивно сценарио за елиминација на американското политичко раководство.
Посебно внимание привлече сцената во која Доналд Трамп е прикажан како спие сам, без Меланија покрај него, што предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.
Трамп претходно изјавуваше дека верува оти е главна цел на Иран, особено по американско-израелските операции против ирански структури.
Според американските медиуми, поради безбедносни причини Трамп неодамна го промени авионот со кој патувал по враќањето од самитот на НАТО во Турција, користејќи постар модел на „Ер Форс Ван“.
Во интервју за „Њујорк пост“, американскиот претседател изјавил дека оставил конкретни инструкции во случај на успешен атентат врз него.
– Долго време сум на нивната листа. Ова е реалност со која се соочуваме – изјавил Трамп, додавајќи дека оставил инструкции за можен одговор доколку му се случи нешто.