🎥 „ОВА Е ЗВУЧЕН ТОП“ Министерот Дачиќ пушти звук од звучен топ во српскиот парламент
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ на седница ма Парламентот на која се дискутира за доверба на Владата рече дека звучниот топ може да се користи за време на немири и потоа пушти видео со звук од звучен топ од својот мобилен телефон.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, пушти видео со иритирачки пискав звук и рече дека така звучи звучен топ, за време на вонредната седница на Парламентот на која се дискутира за доверба на Владата.
Потегот предизвика бура меѓу пратениците.
Дачиќ рече дека звучниот топ е од американско производство и додаде дека една од неговите функции е да може да се користи за време на немири. Потоа пушти видео со звучен топ од својот мобилен телефон.
– Тоа е звучен топ, тоа е звучен топ – повтори Дачиќ додека остриот звук се пробиваше низ салата на парламентот, што предизвика незадоволство кај пратениците од опозицијата.
Predsednik Socijalističke partije Srbije Ivica Dačić, tokom današnje sednice Skupštine Srbije, na kojoj poslanici raspravljaju o predlogu za glasanje o nepoverenju Vladi, pustio je zvuk u sali za koji tvrdi da je pravog zvučnog topa. “Ovo je zvučni top. U Srbiji nikada nije… pic.twitter.com/RmKjhb9fla
— TV N1 Beograd (@n1srbija) July 27, 2026
Потоа збор зеде Ана Брнабиќ, претседателката на Парламентот.
– Извинете, но за што точно се работи сега? И во што точно е проблемот? Г-дин Алексиќ го спомена звучниот топ. Г-дин Алексиќ зборуваше за звучниот топ како една од причините зошто не треба да се верува на оваа влада. Што ве мачи сега што министерот за полиција им дозволува на граѓаните да го слушнат звукот на звучниот топ и да видат дека никој не слушнал таков звук на тој познат протест. Со тоа му одговара на Мирослав Алексиќ. Ако не ви се допаѓа одговорот, не поставувајте прашања – им рече Брнабиќ пратениците од опозицијата.
Дачиќ рече дека пуштил видео од употребата на звучен топ во Питсбург, на состанокот на Г20 во Америка.
Пратеникот Мирослав Алексиќ денеска 4 часа го презентираше својот предлог за гласање недоверба на Владата.
Опозицијата и студентите со месеци ги обвинуват српските власти дека во Нови Сад на протест во март минатата година, за време на молкот со кои им се оддаваше 15-минутна почит на жртвите од несреќата со натсрешницата, полицијата употребила звучен топ.