📽️ ЈОКИЌ СО ДЕЦАТА ГО ПРОСЛАВИ ГОЛЕМИОТ УСПЕХ Победата што му значи повеќе од НБА титулата

По успешните настапи со репрезентацијата на Србија, Никола Јокиќ слободните денови ги поминува на коњските трки, каде повторно имаше причина за славење.

103

Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ, по завршувањето на НБА сезоната и успешните настапи со репрезентацијата на Србија во квалификациите за Светското првенство, слободното време го користи за својата голема страст – коњските трки.

Јокиќ, кој како капитен ја предводеше Србија до две многу важни победи во квалификациите за Мундобаскетот, пред новото репрезентативно собирање во август и натпреварите против Исланд и Италија, престојуваше во Суботица на традиционалната коњска трка „Дужијаница“.






Тој имаше уште една причина за славење, бидејќи неговиот коњ и оваа година триумфираше на престижната трка.

По победата, Јокиќ најпрво им честиташе на џокејот и на членовите на тимот што учествуваа во трката, а потоа следуваше најемотивниот момент.

Кошаркарот ги зеде во прегратка својата ќерка Огњена и синот Игњат, со кои заедно ја прослави победата. Емотивните сцени беа забележани од бројните камери присутни на настанот.

Потоа Јокиќ излезе на патеката, отвори шише шампањ и заедно со присутните го прослави успехот. Со шампањ ги испрска луѓето околу себе, по што тие возвратија на ист начин, а атмосферата беше исполнета со смеа и добро расположение.

На крајот, Јокиќ наздрави со шампањ, уживајќи во уште еден успех поврзан со неговата голема љубов кон коњите.

 

Поврзани содржини