ЗА МАЛКУ ТРАГЕДИЈА ВО ШТИП Паднал низ прозорец од автомобил во движење
Момчето (21) се здобило со тешки телесни повреди, откако паднало од отворениот прозорец од автомобилот во движење.
Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 27 јули околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците Сремски Фронт и Солидарност во Штип. Според МВР, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.С. од Штип, паднал сопатникот Н.А. (21) од Штип.
Момчето се здобило со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница Штип.