ЈА ВЛЕЧЕЛ МАЈКА СИ 20 МЕТРИ СО АВТОМОБИЛ Уапсен 24-годишен скопјанец
Жената е повредена и е пренесена во градската болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата.
Скопјанец ја влечел мајка си дваесетина метри со возило, при што жената е повредена. Полицијата го уапси насилникот.
„На 25.7.2026 година во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.