ЗАПАЛИЛ ОТПАД, ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР Приведен 70-годишник од радовишко село

Огнот се проширил и на соседен двор, но пожарникарите спречиле поголема штета.

36

Седумдесетгодишен жител на селото Ињево вчера беше приведен откако, според полицијата, запалил отпад во својот двор и предизвикал пожар.

Огнот се проширил и во дворот на соседната куќа, по што интервенирала Територијалната противпожарна единица од Радовиш и го изгаснала пожарот.

Повредени нема, а по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини