ПРОРАБОТЕ СИСТЕМОТ ВО ПОШТА Директорот тврди дека невремето создало проблеми

41

Директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши, преку објава на социјалните мрежи објави дека Поштата од денеска работи откако 3 дена имаше прекин во работата предизвикан од последиците од силното невреме.

„Да, Поштата три дена не работеше поради сериозното невреме и техничките последици што ги предизвика, но денес работењето е целосно нормализирано и сите услуги се одвиваат непречено“, напиша Куртиши.






Граѓани, претходно, се пожалија дека 3 дена не можеле да извршат уплати во Пошта.

Поврзани содржини