ДВЕ КОСОВСКИ ВОЗИЛА СЕ СУДРИЈА КАЈ ДОЛНО БЛАЦЕ Шестмина повредени, двајца потешко

По наредба на јавен обвинител, возачот на возило „киа", К.Ц. ќе биде лишен од слобода по излегување од болница. 

105

Во СВР Скопје ноќеска после полноќ било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа” со косовски национални ознаки, управувано од К.Ц.(33) од Косово и патничко возило „фолксваген голф” со косовски национални ознаки, управувано од С.Ј.(61) од Косово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф”, С.Ј.(54) и Е.Ј.(20), додека со телесни повреди сопатниците од возилото „фолксваген голф” Б.Х.(23) и Б.И.(35), сите од Косово, констатирани во Градската општа болница „8 Септември” и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. По наредба на јавен обвинител, возачот на возило „киа”, К.Ц. ќе биде лишен од слобода по излегување од болница. 






Поврзани содржини