МОСКВА СМЕТА НА ДОГОВОРЕНОТО МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН НА АЛЈАСКА Лавров и Рубио се сретнаа на самит на Филипини

На средбата, која траела нешто повеќе од половина час, Рубио и Лавров разговарале за решавањето на конфликтот во Украина.

368

Американскиот државен секретар, Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров одржаа средба на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила.

Средбата, која е одржана по претходно утврден распоред. траела нешто повеќе од половина час, а според најавите, разговорите биле посветени на решавањето на конфликтот во Украина.






Рускиот министер Лавров претходно изјави дека Москва смета оти Вашингтон засега не се откажал од предлозите изнесени на средбата меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска.

Според дипломатски извор цитиран од руски медиуми, иницијатор на средбата меѓу Лавров и Рубио била американската страна.

Во рамки на Самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Манила, Филипини, Рубио претходно се сретна и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Поврзани содржини