Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска е затворен откако во вчерашното невреме силниот ветер го откорна покривот на зградата.
Менаџментот информира дека во невремето направени се големи штети на покривната конструкција, а има скршено и два прозора.
„Поради невремето кое во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета на кровот на базенот и истиот нема да биде во функција“, соопштија од Центарот