ИНДИСКИ БИЗНИСМЕНИ ОДБЛИСКУ ДОЗНАА КАКВИ СЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ МОЖНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА Директорот на ТИРЗ ги прошета низ погоните на Џагатај Кабло
За време на посетата, членовите на делегацијата се запознаа со условите за работење во ТИРЗ, успешните приказни на компаниите кои веќе инвестираат во зоните, како и со можностите за соработка во повеќе области.
Висока бизнис делегација од Индија, составена од претставници на двете најголеми стопански комори во земјата, ASSOCHAM и FICCI, како и од сопственици и директори на водечки индиски компании од повеќе индустрии, денеска ја посети ТИРЗ Скопје.
Во рамки на посетата, директорот на дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски ги претстави инвестициските можности што ги нуди Македонија, поволностите за инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони, како и услугите и институционалната поддршка што Дирекцијата ја обезбедува во текот на целиот инвестициски процес.
За време на посетата, членовите на делегацијата се запознаа со условите за работење во ТИРЗ, успешните приказни на компаниите кои веќе инвестираат во зоните, како и со можностите за соработка во повеќе области.
Делегацијата ја посети турската инвестиција Џагатај Кабло како пример за успешна инвестиција и позитивно деловно искуство во рамки на ТИРЗ.
„Посетата претставува значаен чекор кон зајакнување на економската соработка со Индија и отворање нови можности за идни инвестиции и деловни партнерства со компании и институции од меѓународниот пазар. Индија, како една од најбрзо растечките економии во светот, претставува значаен партнер, особено во насока на привлекување нови инвестиции, размена на искуства и развој на идни проекти со висока додадена вредност“, соопштија од дирекцијата на ТИРЗ.