ИРАН ТВРДИ ДЕКА УНИШТИЛ ДАТА-ЦЕНТАР НА „АМАЗОН“ ВО БАХРЕИН Гаѓани и американски радарски и противвоздушни системи

Властите на Бахреин, САД и компанијата „Амазон“ сè уште не се изјасниле за тврдењата на Техеран.

338

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нејзините воздухопловно-вселенски сили извеле ракетен напад врз, како што тврди, централна инфраструктура за податоци на американската компанија „Амазон“ во Бахреин, како и врз американски системи за противвоздушна одбрана и радарски инсталации.

Според соопштението на ИРГЦ, во нападот биле употребени повеќе крстосувачки ракети, а цел биле објекти во областите Мухарак и Рифа, пренесува „Еуроњуз“.






Засега нема официјална потврда за нападот. Властите на Бахреин, Соединетите Американски Држави и компанијата „Амазон“ сè уште не се изјасниле за тврдењата на Техеран.

Иран претходно предупреди дека ќе ги гаѓа објектите и инфраструктурата во земјите од регионот што ги користат американските сили доколку продолжат американските напади врз ирански цели. Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран ќе плати „многукратно повисока цена“ поради неодамнешната смрт на тројца американски војници во Јордан и Ирак.

ИРГЦ наведува дека нападот бил изведен како одговор на, како што го нарекува, „американскиот воен напад врз цивилни објекти во изградба во Дарховин“.

Во меѓувреме, постојаната мисија на Иран при меѓународните организации во Виена ги повика Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Советот за безбедност на Обединетите нации да го осудат американскиот напад врз нуклеарната централа Дарховин, која сè уште е во изградба. МААЕ соопшти дека ги разгледува извештаите за инцидентот, но дека засега нема независна процена за настанот.

Поврзани содржини