🎥 РУСКИ ВОЕН БРОД СО БОЕВА МУНИЦИЈА ВЕЖБАШЕ ВО ЛАМАНШ „Бестрашниот“ пукаше половина час на 74 километри од англискиот брег

Британското министерство за одбрана соопшти дека Кралската морнарица ја следела вежбата и дека продолжува внимателно да ги следи активностите на бродот.

587

Руски воен брод вчера спроведе вежба со боево гаѓање во меѓународни води, приближно 74 километри јужно од Плимут, пристанишен град во југозападна Англија.

Триесетминутниот артилериски маневар се одржа под придружба на брод на Британската кралска морнарица, пишува Скај њуз.






Портпаролот на британското министерство за одбрана го потврди настанот.

„Рускиот брод, кој беше придружуван од Кралската морнарица, вчера спроведе вежба со боево гаѓање во меѓународни води, приближно 40 наутички милји јужно од Плимут. Кралската морнарица ја следеше вежбата во текот на целиот период. Продолжуваме внимателно да ги следиме активностите на бродот и сме подготвени да ја заштитиме националната безбедност на Велика Британија“ соопшти тој.

Пред да почне гаѓањето, рускиот брод го информираше британскиот патролен брод ХМС Тајн за својата намера. Тој побара ХМС Тајн да се премести на безбедно растојание, што британскиот екипаж и го направи.

„Бестрашниот“, како што е наречен рускиот воен брод е придружба на танкери од руската „флота во сенка“ низ Ламанш. Тоа е втор руски воен брод што извршува таква мисија во последните недели.

Минатиот месец, неговиот претходник, „Адмирал Григорович“, испука предупредувачки истрели кон британска јахта.

Поврзани содржини