СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ЈАЖИНЦЕ-ТЕТОВО Се судрија „сеат“ и „голф“, возачите тешко повредени

230

На регионалниот пат Јажинце–Тетово, во близина на село Порој, вчера, рано изутрината се случила тешка сообраќајна несреќа во која две лица се потешко повредени, информира СВР Тетово.

Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (55) од село Слатино, и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н. (39) од село Порој.






Од несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово, информира СВР Тетово, чија екипа извршила увид на местото на несреќата.

Поврзани содржини