НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА АРГЕНТИНА Можно е ФИФА да изрече санкции, отворена истрага против „гаучосите“

Светската фудбалска организација ќе ги анализира сите инциденти од финалето и ќе одлучи дали ќе изрече дисциплински мерки.

527

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага против Аргентина поради серијата инциденти што се случија по финалето на Светското првенство, јавија вечерва британските и шпанските медиуми.

Според истите извори, ФИФА ќе ги анализира судискиот извештај и снимките од финалниот натпревар меѓу Шпанија и Аргентина, по што ќе одлучи дали ќе изрече дисциплински санкции.






Истрагата се однесува на неколку инциденти по последниот судиски свиреж, во кои биле инволвирани аргентинските репрезентативци Леандро Паредес и Науел Молина, како и помошник-селекторот Роберто Ајала.

ФИФА ќе го испитува и однесувањето на аргентинската репрезентација за време на церемонијата на доделување на медалите, откако дел од аргентинските фудбалери го свртеа грбот додека шпанските репрезентативци го подигнуваа шампионскиот трофеј.

Истрагата за случувањата на стадионот „МетЛајф“ следува откако ФИФА веќе отвори постапка и за случајот во кој неколку аргентински фудбалери по полуфиналниот натпревар против Англија позираа со транспарент на кој пишуваше: „Фолкландските Острови се аргентински“.

Поврзани содржини