„ИГРАЈ ОДГОВОРНО“ СЕ ШИРИ Видеолотарија со мрежа советувалишта низ Македонија

Советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш нудат психо-социјална поддршка во рамки на проектот „Играј одговорно“, кој се реализира од 2019 година.

91

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно“, продолжува со активностите насочени кон превенција и психо-социјална поддршка на лица кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа.

Во рамки на иницијативата функционира мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп, како и Радовиш, каде што советувалиштето започна со работа во април годинава.






Проектот „Играј одговорно“ се реализира од 2019 година во соработка со Здружението на лекувани зависници на Република Македонија, со цел навремено советување, психо-социјална поддршка и рехабилитација на лица погодени од проблематично играње игри на среќа.

Од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија велат дека како општествено одговорна компанија континуирано инвестираат во развој и унапредување на стандардите за одговорно приредување игри на среќа.

„Како општествено одговорна компанија, континуирано вложуваме во поставување и унапредување на стандардите за одговорно приредување игри на среќа. Преку едукација, советување и поддршка активно придонесуваме кон намалување на ризиците, особено кај ранливите категории граѓани. Со овие активности се позиционираме како предводник во индустријата во делот на одговорното играње, со јасна цел – превенција на негативните последици од прекумерното играње и подигнување на јавната свест“, соопштија од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија.

Од компанијата нагласуваат дека преку мрежата на советувалишта на граѓаните им е овозможен пристап до стручна помош, со што се придонесува за навремено препознавање на проблемите и обезбедување соодветна поддршка за лицата и нивните семејства.

Поврзани содржини