НА ДВАЈЦАТА СИЛУВАЧИ ОДЗЕМЕН ИМ Е ПАСОШОТ Силувале жена од Србија покрај патот во Лисиче

900
Кривична пријава е поднесена за двајца скопјани за полов напад и силување на жена што се случил на 17 јули во Скопје.
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик.






Тие се сомничат дека на 17.07.2026 во 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче-Долно Лисиче со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје.
Тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка времено одземање на патната исправа.
Поврзани содржини