ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРУЕЊЕТО ВО ГОСТИВАР Нема да е виновен кабелот наместо Филипче, како што беше при пожарот во тетовската болница

Случајот со труењето од водата ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со модуларната болница каде поради Венко Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

488

Случајот со труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да биде како во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде виновен беше кабелот, а не тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„Кандидатот на СДСМ, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДСМ нема барање за одговорност за овој скандал кој ја потресе државата. СДСМ и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Али Ахмети и Арбен Таравари го промовираа и го поддржаа на изборите, потфрли“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Едно работа е многу важна, додава партијата.

„Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат и на крај кабелот беше виновен. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е задно со гостиварци, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ЗОШТО МОЛЧИ КОАЛИЦИЈАТА МЕЃУ СДСМ, ДУИ И ТАРАВАРИ ЗА ЗАГАДЕНАТА ВОДА ВО ГОСТИВАР? Гласно ја славеа победата, а сега гостиварци стравуваат за животите

Поврзани содржини