ЈУНСКАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕУ ИЗНЕСУВАШЕ 2,9% Еве каде е највисока, а каде најниска
Во споредба со мај 2026 година, годишната инфлација се намали во 22 земји-членки, остана стабилна во три и се зголеми во две.
Годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 2,9% во јуни 2026 година, што е намалување од 3,3% во мај. Една година претходно, стапката беше 2,3%., објави Евростат.
Според пресметките на Европстат инфлација во еврозоната во јуни изнесуваше 2,8%, што е намалување од 3,2% во мај. Една година претходно, стапката на инвлација во еврозоната беше 2,0%.
Најниски годишни стапки се регистрирани во Шведска (1,0%), Чешка (1,1%) и Данска (1,8%).
Највисоки годишни стапки се регистрирани во Романија (9,2%), Литванија (5,4%) и Бугарија (5,2%).
Во споредба со мај 2026 година, годишната инфлација се намали во 22 земји-членки, остана стабилна во три и се зголеми во две.
Во јуни 2026 година, услугите поскапеа за 1,51 процентни поени, енергијата за 0,77, храната, алкохолот и тутунот за 0,29 процентни поени и неенергетските индустриски стоки за 0,18 процентни поени.
