🎥 ХРАБРО КУЧЕ СПАСИ ДЕТЕ ОД НАПАД НА МЕЧКА Надзорните камери го снимија јунаштвото на Бела

Додека момчето се повлекува, кучката Бела, мешанец од расата хаска, дотрча броз од другата страна на дворот и почна да ја брка мечката, да кружи околу животното и се позиционира како штит помеѓу мечката и детето.

95

Домашно куче од Конектикат стана херој за семејството Тазара откако храбро заштити момче кое си играло пред куќата, а мечка се стрчала кон него.

Видеото, снимено од надзорната камера во куќата на Џефри Тазара, го прикажува неговиот мал син како стои во дворот, а се појавува црна мечка како трча кон детето со голема брзина.






Додека момчето се повлекува, кучката Бела, мешанец од расата хаска, дотрча броз од другата страна на дворот и почна да ја брка мечката, да кружи околу животното и се позиционира како штит помеѓу мечката и детето.

Тазара рече дека видеото е направено во саботата во неговиот дом во Конектикат. Во интервју за Еј-би-си њуз, тој рече дека се пакувал и се подготвувал да оди на забава кога го слушнал лаењето на своето куче.

– Жестоко лаење, не како што вообичаено лае, квичи, завива и слично… ова беше поинаков вид лаење – раскажа тој.

Тазара рече дека потоа ја видел Бела како ја брка мечката пред неговиот шестгодишен син, кој стоел пред него. Тој рече дека планира да ја награди Бела со стек на следната семејна вечера.

Поврзани содржини