📽️ МИСЛЕЛ ДЕКА НЕМА ДА ГО НАЈДАТ ВО ФРИЖИДЕР Британски осуденик за кратко ги измами полицајците

Осудениот британски насилник Дин Форд бил прогласен за виновен за нанесување телесни повреди и криминална штета врз имот и за закани врз туѓ живот. Кога го апселе тој се пожалил дека му е скршена ногата.

119

Осудениот британски насилник Дин Форд се обидел на несекојдневен начин да ја избегне полицијата. Кога службениците пристигнале во неговиот дом во Рочестер за да го уапсат поради повеќемесечно малтретирање на жена, тој се сокрил во фрижидер. Полицајците брзо го пронашле, а на снимката се слуша како еден од нив му вели:

– Излегувај пред да те извлечам.






Форд бил прогласен за виновен за нанесување телесни повреди и криминална штета врз имот и за закани врз туѓ живот. Кога го апселе тој се пожалил дека му е скршена ногата.

Поврзани содржини