ВЛАДАТА ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА СО ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПО ЕСКАЛАЦИЈАТА НА ВОЈНАТА ВО ИРАН Мерките се на располагање, но не се знае дали ќе се применат

Премиерот рече дека Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот. 

41

Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат.

Тој рече дека Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот.






– Живееме во прилично предизвикувачко време, имаме две сериозни војни. Според последните информации, војната во Заливот повторно се разгорува. За нас е предизвик да имаме навремено и доволно снабдување на граѓаните и бизнисот со енергенси. Обезбедуваме и за луѓе од соседството кои купуваат гориво тука. Статситички, имаме убедливо најниска цена на горивата, бензините и дизелот кои се берзански производи и не зависат од претприемачката логика или од политиката на Владата. Сите од иста берза купуваме, но процесот е како го менаџираме од тој момент, додека го користат граѓаните- потенцира Мицкоски.

Според него, инфлацијата е еден од сегментите што се случуваат во вакви предизвикувачки времиња.

– Во јуни успеавме да имаме најниско ниво споредено со сите држави во регионот. Кај храната е околу 2,5%, кај обувките и облеката околу 2,1% или под 3 отсто, до 3,4% контрибуираат тутунот, тутунските производи, алкохолот и транспортните услуги поради високите цени на горивата. Се надевам дека ова во Заливот ќе заврши и ќе можеме да планираме појасно во следниот период, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик- рече Мицкоски.

Мицкоски, кој беше во посета на фабриката „Кромберг и Шуберт“ и на увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во Битола, информира и дека автопатот Прилеп – Битола забрзано се гради. Тој очекува многу скоро и реализација на експресното повзрување на Битола со граничниот премин „Меџитлија“ со што, како што нагласи, максимално ќе се забрза движењето и ќе се растовари градот од метежот. 

Поврзани содржини