📽️ ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ПОЧНА НАПАДОТ ВРЗ ИРАН Експлозии одекнуваат во неколку градови на југот
Американската Централна команда соопшти дека започнала нов бран напади, додека иранските медиуми јавуваат за експлозии и активирана противвоздушна одбрана.
Новиот американски напад врз Иран започна само неколку часа откако Доналд Трамп од самитот на НАТО во Анкара најави дека САД „веројатно ќе удрат многу силно“ повторно. Иранските државни медиуми вечерва објавија дека експлозии се слушнале во повеќе градови на југот на земјата, додека на некои места бил прекинат и доводот на електрична енергија.
Американската Централна команда потврди дека операцијата е во тек.
„По наредба на Врховниот командант, силите на Централната команда на САД започнаа да спроведуваат дополнителни напади врз Иран за дополнително да ја деградираат нивната способност да ја загрозат слободата на пловидба во Ормускиот Теснец“, се наведува во соопштението.
Експлозии во Конарак, Чабахар и во Бандар Абас
Според иранските медиуми, експлозии биле регистрирани во градовите Конарак и Чабахар.
Државната агенција ИРНА објави дека во делови од Чабахар дошло до прекин на електричната енергија.
Во исто време, иранската државна телевизија ИРИБ јави дека системите за противвоздушна одбрана биле активирани и во Бандар Абас, каде исто така биле пријавени експлозии.
На социјалните мрежи се појавија непотврдени информации дека е погодена базата Али Имам во Чабахар.
🔴Video allegedly showing a heavy US attack on Chabahar tonight. pic.twitter.com/HuqMR2woLf
— Alex kennedy (@Alexkennedy213) July 8, 2026
Footage shows moment of the US attack in Chabahar, southeastern Iran. https://t.co/LbiobdMLE4 pic.twitter.com/wZrPEYZXvo
— Arya Yadeghaar (Backup) (@AryJeayBackup) July 8, 2026
Некои ирански медиуми јавија и дека Иран планира контраудар врз американски бази во регионот во следните часови.
Трамп претходно најави нов удар
Само неколку часа претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото трпение со иранското раководство е при крај.
– Веројатно повторно ќе ги нападнеме многу силно вечерва – рече Трамп на маргините на Самитот на НАТО.
Тој претходно ги нарече лидерите во Техеран „ѓубре“ и порача дека повеќе нема интерес за нови преговори.
Ескалација по Ормускиот Теснец
Во вторникот САД извршија напади врз цели за кои тврдат дека биле поврзани со нападите врз комерцијални бродови во Ормускиот Теснец.
Иран возврати со напади врз американски интереси во Бахреин и во Кувајт, по што конфликтот влезе во нова фаза на ескалација.
Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за размерите на штетата од најновите американски напади.