ХОРОР ВО ИНДИЈА, ДЕВОЈЧЕ СИЛУВАНО 5 ДЕНА Властите во Раџастан ги срушија трите хотели во кои се случило насилството

За случајот веднаш беше формиран Специјален истражен тим. Тој преку снимки од камери и преку технички докази досега идентификуваше и уапси 14 осомничени лица, меѓу кои сопственици и менаџери на хотелите. Властите најавуваат дека се можни уште апсења.

228

Три објекти во Раџастан се претворени во пепел по сексуалната експлоатација и киднапирањето на 13-годишно малолетно девојче. Случајот во округот Шри Ганганагар во Раџастан ги крена тамошните власти на нозе. Се смета дека девојчето 5 дена било силувано по хотелите. Сега, објектите „Хунгар“ („Дрим“), „Џој Ин“ и „Сафир Ин“ беа целосно срушени со помош на тешка механизација и на хидраулични машини, јави Хиндустани Дејли Њу Тајмс Интернешнел.

Специјалниот истражен тим веќе уапси 14 сопственици и менаџери осомничени во случајот.






Случајот излезе на виделина откако на 22 јуни мајката на девојчето пријавила во полиција дека нејзината ќерка исчезнала неколку дена претходно. По брза полициска акција и претрес во еден од објектите, полицијата го пронајде девојчето, а истрагата откри шокантни детали.

За случајот веднаш беше формиран Специјален истражен тим. Тој преку снимки од камери и преку технички докази досега идентификуваше и уапси 14 осомничени лица, меѓу кои сопственици и менаџери на хотелите. Властите најавуваат дека се можни уште апсења.

 

– Поставивме булдожери врз хотелите за да испратиме јасна порака дека во овој округ нема да се толерира никаква нелегална активност. Безбедноста на жените и девојките е наш врвен приоритет – изјави окружниот колекционер Амит Јадав.

Администрацијата на округот веќе започнала процес на проверка и на запечатување и на други слични објекти за кои постои сомнеж дека се вмешани во случајот или во слични илегални активности.

На социјалните мрежи се крена бура со видеа кои наводно го прикажуваат девојчето, но засега нема верификувани фотки или снимки од случајот.

Поврзани содржини