📽️ ДОЛГО РАКУВАЊЕ, НО ОЧИТЕ КАЖАА НЕШТО ДРУГО Трамп и Мелони се сретнаа по кавгата, а нејзиниот гест стана хит

Американскиот претседател и италијанската премиерка првпат се сретнаа по јавната расправија, а нивното ракување и реакцијата на Мелони веднаш станаа тема на социјалните мрежи.

387

Првата средба на американскиот претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони по јавната кавга предизвика големо внимание, а камерите го уловија моментот кога нејзиниот израз на лицето стана главна тема на социјалните мрежи.

На самитот на НАТО во Анкара, каде лидерите на сојузничките земји разговараат за иднината на Алијансата, се одржа првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони по нивната јавна вербална пресметка.






Средбата дојде по жестоката размена на пораки меѓу двајцата политичари, откако Трамп ја обвини Мелони дека „молела за фотографија“ со него за време на неодамнешниот самит на Г7 во Франција.

Италијанската премиерка тогаш остро реагираше и порача дека нејзината политичка позиција не зависи од односот со американскиот претседател.

– Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум твоја пријателка сигурно не ми помогна, ниту пак зависи од мојот однос со тебе. Мојата популарност зависи од мојата способност да ги бранам националните интереси на Италија и токму тоа сум го правела отсекогаш – изјави Мелони.

Тензиите дополнително се зголемија пред заминувањето на Трамп за Анкара, кога тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави порака во која иронично порача дека на Мелони „треба да ѝ се забрани влез“.

Сепак, нивната средба во Турција започна со официјален дипломатски тон. Камерите го забележаа долгото ракување, кратката размена на зборови и насмевките пред фотографите.

 

Најголемо внимание на социјалните мрежи, сепак, предизвика еден момент кога Мелони ги преврте очите за време на поздравувањето со Трамп. Дел од корисниците го протолкуваа нејзиниот гест како знак на незадоволство, додека други сметаат дека станува збор само за моментална реакција без политичка порака.

Средбата меѓу двајцата лидери се случи во период кога НАТО се обидува да ја задржи единственоста меѓу членките, особено околу прашањата за одбранбените трошоци, европската безбедност и поддршката за Украина.

Поврзани содржини