ГО ПРОБОДЕЛА ВОНБРАЧНИОТ СОПРУГ ВО ДОМОТ Велешанка ќе одговара за обид за убиство

Триесетгодишна жена е приведена откако, според МВР, со остар предмет му нанела убодна рана на својот 37-годишен вонбрачен сопруг. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство при семејно насилство.

205

Триесетгодишна жителка на Велес е приведена под сомнение дека со остар предмет го избодела својот вонбрачен сопруг во нивниот дом, по што против неа ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство при семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил вчера околу 19 часот во Велес. Полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Т.Д. (30), откако било пријавено дека му нанела убодна рана на својот 37-годишен вонбрачен сопруг.






Повредениот веднаш бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што му била укажана лекарска помош.

Осомничената била приведена и задржана во полициска станица, додека полициските службеници го пронашле и го одзеле предметот со кој, според сомневањата, било извршено кривичното дело.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво според член 123, во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини