ДРЖАВАТА ДАВА ДО 30.000 ДЕНАРИ ЗА ПРИКЛУЧОК НА ГАС ИЛИ ЗА КУПУВAЊЕ КОТЕЛ НА ГАС Рокот за пријавување е продолжен до 31 октомври
Право на аплицирање имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на гас за објект што веќе бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. Домаќинството може да поднесе едно барање
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот до 31 октомври за аплицирање за субвенции за приклучок на природен гас или за набавна на котел на гас.
– Со тоа се отвора дополнителна можност за сите домаќинства кои сè уште не успеале да аплицираат, да ја искористат државната поддршка и да добијат до 30.000 денари, односно до 70% од направените трошоци за приклучок на природен гас или за набавка на котел на гас – делат од Министерството .
За реализација на мерката се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување.
Право на аплицирање имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на гас за објект што веќе бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. Домаќинството може да поднесе едно барање.
Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања согласно условите од јавниот оглас. Повеќе информации има на сајтот на министерството – www.energy.gov.mk
По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.
-Поддршката на граѓаните, подобрувањето на енергетската ефикасност и создавањето поквалитетни услови за живот остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку вакви мерки, Министерството продолжува да води политики што носат директна корист за семејствата и придонесуваат кон посигурна, почиста и поодржлива енергетска иднина – додаваат од Министерството за енергетика и рударство.