ДОГОВОР ИЛИ ЌЕ ЈА ДОВРШИМЕ РАБОТАТА, ВЕЛИ ТРАМП ЗА ИРАН „Не би сакал да повредам 91 милион луѓе“

Американскиот претседател порача дека повеќе сака дипломатски договор отколку нов конфликт, но предупреди дека Вашингтон има капацитет брзо да удри по клучната инфраструктура на Иран ако преговорите пропаднат.

67

Иран мора да избере меѓу договор и нова конфронтација со САД, порача Доналд Трамп по застојот во индиректните разговори меѓу Вашингтон и Техеран. Американскиот претседател изјави дека повеќе би сакал дипломатско решение, но истовремено предупреди дека САД лесно би можеле да ја „довршат работата“ доколку не биде постигнат договор.

– Или ќе склучиме договор или ќе ја завршиме работата. Во ред. И нема да биде тешк о да се заврши работата. Подобро би склучил договор затоа што не сакам да повредам 91 милион луѓе – изјави американскиот претседател.






Според него, САД располагаат со доволен воен капацитет за брзо да погодат витални цели во Иран.

Трамп додаде дека американските сили можат за кратко време да нанесат сериозна штета врз инфраструктурата на земјата. Тој изјави дека мостовите и енергетските системи би можеле да бидат погодени во рок од еден час доколку дојде до ескалација.

Изјавата доаѓа во момент кога дипломатските напори не донесоа видлив напредок и покрај 60-дневното примирје што требаше да создаде простор за преговори.

Индиректните разговори меѓу САД и Иран завршија минатата недела без конкретен резултат. И покрај прекинот на борбените дејства, засега нема сигнали дека двете страни се поблиску до траен договор.

Трамп денеска изјави и дека решавањето на конфликтот во Украина е „поблиску отколку што луѓето сфаќаат“ и оти за тоа прашање ќе разговара на Самитот на НАТО во Анкара во Турција.

Според шефот на САД претседателот на Русија сака војната да заврши и дека и претседателот на Украина го посакува истото.

Поврзани содржини