ДВАЈЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПОЖАРОТ КАЈ РАМПА Огнот повреди пожарникар и оштети две противпожарни возила

Пожарот избувнал во напуштен објект на булеварот Македонија, при што бил повреден еден пожарникар, а две противпожарни возила биле оштетени.

107

Двајца скопјани се приведени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот пожар кај Рампа на улицата Македонија, во кој беше повреден пожарникар, а оштетени беа и две противпожарни возила.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А. (34) и И.Х. (39), двајцата од Скопје, поради сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“.






Според информациите, околу 16 часот тие предизвикале пожар во напуштен објект на булеварот Македонија, на локацијата позната како Рампа.

Во интервенцијата за гаснење на огнената стихија повреден бил еден пожарникар, додека две противпожарни возила претрпеле материјална штета.

Од МВР информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, по што против приведените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини