🎥 ВУЧИЌ НА ЧОРБА ОД КЕЧИГА НА БРЕГОТ НА „СРПСКО МОРЕ“ Заслужен одмор по обиколката на ЕКСПО

Српскиот претседател рече дека бил во обиколка на ЕКСПО, со дел од министрите и свратил на рибина чорба на еден ос сплавовите на „Српското Море“.

844

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео од својата посета на рибен ресторан на еден од сплавовите на реката Сава, на кој зборуваше за напредокот на проектите поврзани со изложбата ЕКСПО 2027.

„Следниот пат кога ќе дојдам на сплав, ќе ја препливам Сава, како некогаш. Засега, само чинијата ми останува – кечига во рибина чорба“ – напиша Вучиќ во објавата.






Тој наведува дека одамна не дошол на Сава која за него е „Српско Море“.

Српскиот претседател рече дека бил во обиколка на проектите од ЕКСПО, со дел од министрите и свратил на рибина чорба на еден од сплавовите.

– Она што за нас е важно е дека ЕКСПО напредува, работиме добро, работиме вредно. И денеска работниците работеа. Полека но сигурно не навасуваат трема, нервоза и страв, но уверен сум дека ќе завршиме се и дека ќе стигнеме и ќе победиме. И Србија ќе биде најдобриот можен домаќин на најголемата светска приредба во 2027 година – рече Вучиќ.

Поврзани содржини