АЛКАЛОИД ДОБИ СРЕБРЕН МЕДАЛ ОД „ECO VADIS“ Се најде меѓу најдобрите 15% компании на глобално ниво

Ова признание дополнително ја потврдува зрелоста на системскиот пристап на компанијата во имплементацијата на ESG-стандардите и ја зајакнува довербата кај нејзините меѓународни партнери и соработници.

26

АЛКАЛОИД АД Скопје го доби сребрениот медал SILVER | TOP 15 % за 2026 година доделен од EcoVadis, со освоени 94 перцентили. Со ова признание АЛКАЛОИД се позиционира меѓу најдобрите 15 % од сите компании оценети на глобалната платформа EcoVadis во последните 12 месеци.

Сребрениот медал претставува значаен напредок во однос на минатогодишниот бронзен медал BRONZE | TOP 35 % и е уште една јасна потврда за долгогодишната посветеност на АЛКАЛОИД на одржливиот развој, одговорното работење, транспарентноста и континуираното унапредување на деловните практики. Ова признание дополнително ја потврдува зрелоста на системскиот пристап на компанијата во имплементацијата на ESG-стандардите и ја зајакнува довербата кај нејзините меѓународни партнери и соработници.






Според резултатите од оценувањето, најзначаен е пласманот на АЛКАЛОИД меѓу најдобрите 3 % од оценетите компании во индустриската категорија Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати. Дополнително, во поединечните области, АЛКАЛОИД се наоѓа меѓу најдобрите 1 % компании во областа животна средина и 1 % компании во областа трудови и човекови права, меѓу најдобрите 13 % во областа одржливи набавки и меѓу најдобрите 19 % во областа етичко деловно однесување.

EcoVadis е една од водечките глобални платформи за оценување на корпоративната одржливост, а нејзината методологија ги опфаќа областите животна средина, трудови и човекови права, етика и одржливи набавки.

Признанието од EcoVadis претставува дополнителен поттик компанијата и натаму да ги унапредува своите практики и да создава долгорочна вредност за вработените, партнерите, заедницата и за сите засегнати страни, во согласност со најдобрите меѓународни стандарди и практики.

Во годината во која компанијата го одбележува својот голем јубилеј, 90 години АЛКАЛОИД, ова е уште еден доказ за вредноста на знаењето, за моќта на посветеноста за создавање траен импакт и за важноста на упорноста во градењето доверба што трае низ годините.

Повеќе детали и информации за признанието EcoVadis на следниот ЛИНК:

Поврзани содржини