ПРЕКИНИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА И ДО 7 ЧАСА Еве во кои населби ќе нема струја и кога

Граѓаните од засегнатите подрачја се повикуваат да ги преземат потребните мерки за да ги минимизираат евентуалните непријатности.

443

Делови од општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров денеска ќе останат без струја поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Според известувањето на ЕВН Македонија, кое го пренесува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), прекините ќе траат во следните термини:






  • Општина Аеродром: Од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“.
  • Општина Гази Баба: Од 08:30 до 14:30 часот прекин ќе имаат дел од корисниците на улицата „Методија Андонов Ченто“, објектите кај ЗПЗ „Напредок“, сендвичарата „Хит“, како и објектите од местото „Триаголник“ до надвозникот кон Ченто.
  • Општина Карпош: Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе останат објектите на улицата „Вангел Динуи“ и дел од непарните броеви на улицата „Франце Прешерн“.
  • Општина Ѓорче Петров: Од 09:30 до 14:30 часот прекин на електричната енергија е најавен за дел од улиците „Браќа Чакреви“ и „Социјалистичка зора“.

Граѓаните од засегнатите подрачја се повикуваат да ги преземат потребните мерки за да ги минимизираат евентуалните непријатности.

Поврзани содржини