📷 НИТУ АФЕРИТЕ НЕ ГИ РАЗДЕЛИЈА БЕКАМОВИ Дејвид и Викторија со емотивни пораки за годишнината
Еден од најпознатите брачни парови во светот ја прослави 27-годишнината од бракот со емотивни пораки, оставајќи ги зад себе аферите, кризите и семејните несогласувања што со години го привлекуваа вниманието на јавноста.
И покрај бројните кризи, гласините за развод и семејните несогласувања што со години ја следат нивната врска, Дејвид и Викторија Бекам ја прославија 27-годишнината од бракот, испраќајќи си емотивни пораки на социјалните мрежи.
Нивниот брак во изминатите години беше ставен на сериозен тест. Најголемата криза беше аферата со поранешната асистентка Ребека Лос, за која Викторија подоцна призна дека била најтешкиот период во нејзиниот живот. Сепак, двојката успеа да ја надмине кризата и да остане заедно.
Во последниот период во центарот на вниманието се најде и нивниот нарушен однос со најстариот син Бруклин Бекам, чии јавни настапи и откритија за семејните односи предизвикаа бројни шпекулации во британските медиуми.
Сепак, тоа не ги спречи сопружниците јавно да ја одбележат годишнината.
Дејвид Бекам на Инстаграм сподели серија фотографии од нивниот заеднички живот и упати емотивна порака до сопругата.
„Заедно сме 29 години, во брак 27, и ми даде сè што би можел да посакам. Нашето најголемо достигнување засекогаш ќе биде нашето семејство. Те сакам и среќна годишнина“, напиша поранешниот англиски фудбалер.
Викторија, пак, објави фотографија на која го бакнува Дејвид во образ, додека двајцата позираат во елегантни модни комбинации.
„По 27 години брак, четири неверојатни деца и безброј усогласени модни комбинации, ти сè уште си моето сè. Среќна годишнина! Те сакам“, напиша таа.
Со своите објави, Бекамови уште еднаш покажаа дека, и покрај сите предизвици низ кои поминале, нивниот брак и понатаму опстојува.
View this post on Instagram