НА „БОГОДОРИЦА“ СЕ ЧЕКА И ДО ЧЕТИРИ ЧАСА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА Продолжува сообраќајниот колапс на границата со Грција

На патниците им се препорачува да се снабдат со вода и со трпеие, а ако се во можност да патуваат рано наутро или доцна навечер, за да ги избегнат високите дневни температури.

95

Сообраќајниот метеж на јужната граница ја смени страната, па од вчера попладне се бележат долги колони возила на граничниот премин „Богородица“ за влез во Македонија. Голем број граѓани преку социјалните мрежи револтирано коментираат дека процедурите се вршат многу бавно и дека времето на чекање за пасошка контрола трае дури и до четири часа.

Километарските колони од автомобили, автобуси, кампери и мотоцикли целосно го блокираа меѓуграничниот простор, додека во спротивниот правец, односно за излез од Македонија и влез во Грција, сообраќајот во моментов е релаксиран и нема поголеми задржувања.






Поради силното и пеколно јунско сонце кое дополнително ја отежнува веќе заглавената состојба, а со оглед на тоа што меѓу патниците има голем број семејства со мали деца, се апелира до возачите постојано да ја проверуваат состојбата преку Авто-мото сојузот на Македонија. Како препорака се наведува патувањето да се планира во доцните вечерни часови, кога може да се избегнат екстремно високите дневни температури. Патниците се советуваат да бидат подготвени со доволно залихи на вода, да покажат максимално трпение во сообраќајниот шпиц.

Големиот прилив на патници кои се враќаат во земјава или транзитираат кон север по завршувањето на продолжените викенди, наведува на заклучокот дека притисокот врз граничните служби ќе трае цел ден.

Поврзани содржини